Меган Маркл пред неколку дена учествувала на настанот Invictus Games каде ја прочитала својата книга и се дружела со семејствата на воените ветерани.
На сликите објавени вчера од британската амбасада во Холандија, Меган учествувала на работилница со деца каде се обидела да го нацрта украинското знаме. На една од фотографиите се гледа како Меган внимателно го пишува зборот „мир“ на жолто-сина слика која на прв поглед личи на украинското знаме.
Сепак, изгледа дека Меган не знае како изгледа украинското знаме.
Војвотката нацртала знаме со жолто горно поле и сино дно, а поради фотографијата сега е исмејувана на Твитер.
„Ова е глобален срам. Војвотката не знае како изгледа украинското знаме“, напишал еден твитерџија.
„Таа би можела барем да побара на Гугл како изгледа знамето на земја што толку многу ја поддржува“, додаваат твитерџиите.
„Како лежерно го слика наопаку“, пишуваат тие.
Но, има и такви кои ја бранат Меган и тврдат дека таа намерно го свртела знамето наопаку и споделила наводи дека Американците го поставиле знамето наопаку во случај на голема опасност.