Бруклин Бекам и Никол Пелц се венчаа вчера на Флорида, а првите фотографии од младенците ќе бидат објавени во магазинот „Вог“.
Церемонијата која чинела неверојатни 3 милиони фунти, се одржа на имотот на таткото на Никол, Нелсон во Палм Бич.
Пелц двапати одлета во Рим за да проба венчаница, изработена од брендот Валентино.
На венчавката присуствуваа многу познати имиња, а некои од нив беа Серена Вилијамс, Гордон Ремзи, Ева Лонгорија, Марк Ентони, Мел Би, Том Брејди… Бруклин и Никол се одлучија за еврејска венчавка бидејќи невестата е со еврејско потекло.
Дедото на Бруклин од страна на таткото исто така бил Евреин. Младенците танцуваа на песната „Only Fools Rush In“ од легендарниот Елвис Присли.
Бруклин Бекам ќе го земе презимето на својата свршеница Никол Пелц како средно име за да ја покаже својата посветеност кон неа, пренесе „Дејли мејл“.
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам има 23 години, а неговата избраничка е четири години постара.
Бруклин и Никол потпишале предбрачен договор, но не само за да го заштитат богатството на славниот фудбалер. Богатството на Бекам се проценува на 380 милиони фунти, а богатството на Пелц е проценето на четири пати поголема цифра.