Трагедија денеска го потресе регионот. На 50-годишна возраст почина познатиот актер Бојан Лазаров, а како што дознаваат српските медиуми тој се самоубил скокајќи од мостот Ада.

Лазаров долго време се борел против депресија, а веќе имал еден неуспешен обид да си го одзеде животот пред две години. Позади себе остави две деца.

Освен по улогите во матичниот театар „Душко Радовиќ“, публиката го препознава и по филмовите „Смрт човека на Балкану“ и „Београдски фантом“, како и по телевизиските серии „Државни службеник“ и „Ургентни центар“.

Неговите колеги со неверување ја примија тажната вест. Меѓу нив и Слобода Миќаловиќ со која играше во серијата „Тајна винове лозе“. Таа објави фотографија со него и напиша „Боки“ со тажен емотикон.

Лазаров е роден 1972 година Актерката Јелена Ѓокиќ на својот Инстаграм профил ја објави тажната вест за неговата смрт и се прости од него.

За жал, неговата плодна кариера е засекогаш завршена, а иако е познат неговиот актерски живот, ретко кој ги знаеше неговите приватни проблеми.

Животот на овој актер го одбележа борбата со тешката болест. Со години боледуваше од депресија, а пред две години се обидел да си го одземе животот. Меѓутоа, тогаш лекарите успеале да го спасат.

Сепак, актерот продолжи да се бори против оваа болест, а денеска си го одзеде животот скокајќи од мостот на Ада и остана мртов на лице место. Зад него останаа две деца, кои ги доби од бракот кој заврши со развод.

На мостот било пронајдено возило „опел астра“ во кое било пронајдено проштално писмо.