Пејачката Гога Секулиќ пред неколку дена беше оперирана, иако долго време планираше да го направи тоа, но постојано го одложуваше. Славната српска пејачка ги смени силиконските импланти во градите и направи затегнување на кожата, а сега проговори за извршениот хирушки зафат и откри како се чувствува.
– Вистина е, бев на операција. И после породувањето требаше да направам подигање и затегнување на градите, но моето дете беше мало и таква процедура во тој момент беше едноставно невозможна. Децата сакаат да се гушкаат, галат и носат. Сепак, набрзо почнав да имам ужасни болки во грбот, бидејќи градите ми беа големи. Контактирав со докторот кој на крајот ме оперираше и многу сум задоволна и благодарна за се, бидејќи тој е еден од нашите најдобри хирурзи. Ми ги смени силиконите и ми направи затегнување. Не ми беше пријатно првите денови, имав многу болки. Најмногу ме изнервира тоа што сум жена од акција и не можев да мирувам – изјави Гога.