Таткото на босанско херцеговачкиот пејач Сеад Хамзиќ, попознат како Сејо Бој, Нијаз Хамзиќ Лијо е тешко повреден во напад со рачна бомба и нож во Берлин, Германија.

Лекарите се борат за животот на таткото на повредениот пејач. – Се надеваме дека човекот ќе преживее – изјави портпаролот на полицијата во Берлин.

Инаку, таткото на пејачот во последните години се посвети на приватниот бизнис во Сараево, Босна и Херцеговина. Во полицискиот извештај се наведува дека 61-годишен маж и две жени на возраст од 42 и 48 години биле нападнати во Берлин доцна во петокот навечер.

Хамзиќ се здобил со повреди опасни по живот, а две жени се полесно повредени.

Маж (61) е осомничен дека активирал рачна бомба пред влезот на станбена зграда. Меѓу другото, полицијата навела дека тој потоа со нож ја нападнал помладата од двете жени и еден маж и им нанел дополнителни повреди.