Алма Арази (39) и нејзините три деца, кои трагично го завршија животот на 2 мај во Скадар, не скокнале од новиот мост во реката Бојана, потврди истражната група, објави албанската ТВ Репорт.

Овој медиум пренесува дека Алма со децата се движела кон крајот на мостот, по патот што води до државниот пат Скадар-Мурикан. Обвинителството почнало да го истражува ова, откако во месноста Дајлан, на околу 100 метри од мостот, било пронајдено тело на другото девојче. На истражителите сега им е јасно дека Алма Арази го извршила екстремниот чин под новиот мост во Бојана, на крајбрежјето.

Од 2 мај, од трагедијата во Скадар, кога Алма Арази и нејзините три деца го завршија својот живот во реката Бојана, сомнежот падна врз нејзиниот сопруг и таткото на нивните деца. Ергис Арази е во притвор, во самица, под обвинение за „предизвикување самоубиство“, а неговиот телефон е на вештачење во криминалистичката лабораторија во Тирана, за да се докаже дали бил во близина на Алма и трите деца во моментот кога се сомничи дека извршено е тројно убиство и самоубиство.

Клучната личност е јатрвата на Алма, Валентина

Според Репорт ТВ, побарани се податоци од мобилната компанија за анализа на телефонот, а се разгледуваат и нејзините пораки и комуникации од вечерта на 2 мај. Телефонот на Алма не бил пронајден на местото на трагедијата. Во грмушките се пронајдени кукли и амбалажа за храна, но од форензичката лабораторија се уште не одговорија дали се на децата на Алма.

Од друга страна, засега клучна личност за истражителите е јатрвата на Алма, Валентина Арази, која, како што може да се види на снимките, пиела кафе со неа пред екстремниот чин на самоубиство со три деца. Валентина во првото сведочење рече дека Алма се поздравила со неа и ѝ кажала дека ќе оди кај брат ѝ во Драч за да се смири по расправијата со сопругот.

Инспекторите соопштија дека таа повторно ќе биде сослушана, со цел да се извлечат други информации за кои се верува дека би можеле да го расветлат овој трагичен настан.

Исто така, се очекува и сослушувањето на љубовницата на Ергис Арази, 18-годишна девојка која седум месеци имаше вонбрачна врска со сопругот на Алма. Според албанските медиуми таа е во тешка психичка состојба, поради што не е во состојба веднаш да даде исказ.

Ги запознал децата со љубовницата?

Според членовите на семејството на Алма, една од причините што ја натерала Алма Арази да изврши самоубиство е тоа што Ергис им ја претставил на децата својата нова девојка.

Според албанските новинари, Ергис неодамна им ја претставил на децата својата нова девојка, а во телефонот имал дури и фотографии од таа средба.

Од семејно насилство до четирикратна трагедија

Алма Арази (39) и нејзините три деца наводно извршиле самоубиство со скокање во реката Бојана на 2-ри мај.

По страшната трагедија, нејзиниот сопруг е уапсен и обвинет за семејно насилство и предизвикување самоубиство. Иако добил дозвола од управата на затворот да присуствува на погребот на децата, тоа не го направил, бидејќи полицијата му одбила придружба.

Новинарката Клаудијана Лала во интервју за „Breaking“ ги сподели деталите за настанот во Скадар, каде Алма Арази се удави во реката со нејзините три деца. Лала го поставува прашањето „како е можно на местото на настанот да нема сведоци, во време кога на мостот има сообраќај“.

Гента, сестрата на Алма Арази, тврди дека ејзината сестра поради семејно насилство со трите деца се фрлила во реката Бојана. Таа изјави дека сопругот на нејзината почината сестра и се заканувал кога отишле да ги пријават за исчезнати неа и децата.