Голема полициска акција започна утрово и се уште е во тек. Според првичните неофицијални информации, се апсат високи функционери на ДУИ.

Според информации на порталот 24 инфо, уапсен е и Исмет Гури кој неодамна беше осуден а казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности во предмет на Специјалното јавно обвинителство.

Гури заедно со уште неколку лица утрово е уапсен поради сомневање за сторено кривично дело перење пари.

Како што дознава „Локално“, меѓу приведените има и даночни инспектори и бизнисмени.

Во текот на денот очекуваме повеќе детали за акцијата која според информации на 4NEWS.mk ја спроведува полицијата во соработка со Јавното обвинителство.