Сања Кужет поради бременоста мораше привремено да ги напушти Ѕвездите на Гранд на кои со години беше водителка, а на нејзино место дојде пејачката Ана Севиќ.
Водителката по една и пол година пауза сега се врати на својата работа.
Таа даде изјава на својот Инстаграм за оваа пригода. Таа објави фотографија од познато студио и рече дека има измешани емоции.
– По година и пол, повторно во студио… Измешани чувства“ – напиша таа.
Нема сомнеж дека емоциите на Сања се измешани и поради враќањето на работа по долга пауза, но и поради смртта на креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој почина на 1 март, а вчера беше погребан.