На 64 годишна возраст во Струмица почина познатиот македонски музичар Мирчо Чуков, член на легендарната музичка група Интервали, јавуваат вечерва локалните портали од Струмица.
– Денеска попладне на 64-годишна возраст ненадејно почина Мирчо Чуков, познатиот вокал и клавијатурист на легендарната музичка група „Интервали“ од Струмица, објави strumicanet.com.
Засега не е позната точната причина за смртта на Чуков, кој ја остави во тага својата сопруга Снежана, со која заедно 30 години беа дел од незаменливата група „Интервали“.
„Ех, да сакаш“, „Плачела“, „Ноќта е сtворена за грев“, „Те молам немој“, „Дана“, „Ана“ … се само дел од познатите хитови на групата „Интервали“.
Во септември минатата година, групата „Интервали“ го имаше своето десетто јубилејно учество на Макфест.