Жалост во Грција по сообраќајната несреќа во која загина 19-годишна девојка, која се случи во раните утрински часови во саботата. Младата Елена Статополу работела во кафуле во Грибову и штотуку го купила својот мотор.
Девојчето паднало на оградата од влезот на банка во центарот на Нафпактос, поради што трагично починала.
Според грчките медиуми, несреќата се случила околу 4 часот наутро. Брза помош на ЕКАВ веднаш излегла на лице место и тешко повредената 19-годишна девојка ја пренеле во болница во Патрас.
Сепак, и покрај натчовечките напори на лекарите и медицинските сестри да ја одржат во живот, 19-годишната девојка не можела да издржи и по кратко време починала.