Ивана Ѓ. Ј.(41), мајка на четири деца коja загина во сообраќајна несреќа кај Пријепоље, активно се бореше против арогантните возачи и ја поддржуваше мајката на жртвата Николина Јанковиќ (13) од Крагуевац, по чија смрт граѓаните организираа протести.

Ивана, која активно повикуваше на протести на граѓаните по сообраќајната несреќа во која загина Николина, сега почина исто по грешка на возач.

Лука Т.(26), возачот на Шкода, престигнувал возила од правец на Бистрица кон Нова Варош на делницата меѓу два тунела каде што е забрането престигнување со сообраќајна сигнализација, изгубил контрола над шкодата и удрил во фолксваген туран управуван од Б.К.(41), сопругот на загинатата жена.

Во „фолксвагенот“ била Ивана, со сопругот и четирите мали деца. Двата автомобили завршиле во коритото на реката Бистрица.

Нејзиниот сопруг Б.Ј. (41) и децата – 10-годишно момче, две осумгодишни девојчиња и 2-годишно бебе се здобиле со полесни повреди. Се враќале од Црна Гора, кога на нив налетал возачот на Шкода.

Лука Т. веќе има два сообраќајни прекршоци во своето досие.