Најмалку девет лица загинаа во падот на цивилен авион во Судан, во градот Порт Судан.
Меѓу жртвите има и четворица припадници на армијата на оваа земја.
Според првите информации се урнал авион „Антонов“ произведен во Украина, а причината е технички дефект на леталото.
Работата на аеродромот во Судан ќе биде прекината во следните неколку часа.
Според суданските новинари на Твитер, едно дете го преживеало падот, а повеќе детали се уште не се познати.