Како што дознаваат босанските медиуми, брат вчера попладнето го убил својот брат во селото Југовиќи во близина на градот Гацко, јавува Српскаинфо.
Од полицијата велат дека осомничениот е уапсен, а истрагата е во тек. Неофицијално се дознава дека браќата живееле во заедница, дошло до расправија, а потоа и употреба на огнено оружје, која завршила фатално, пишува АТВ.