На 37 годишна возраст од мозочен удар почина Хајрулах Рамизи, актер на Албанскиот театар од Скопје. Веста за неговата смрт преку објава на социјалните мрежи ја соопштија Албанскиот театар од Скопје и тој во Тетово.
Рамизи дипломираше актерска игра на ФДУ, во класата на Рефет Абази, а од 2007 година е ангажиран во Албанскиот театар.
Ќе останат во сеќавање креациите на Рамизи во претставите: „Војцек“, „Калигула“, „ Генералот на мртвата војска“, „Макбет“ и „ Арсеник и стари тантели“. Негова последна претстава беше „ Брегот на тагата“.
Хајрулах Рамизи учествуваше во регионални и домашни филмски остварувања. Меѓу нив се: „ Едварт“, „ Време на кометата“, „ Војната заврши“, „1955“, „ Само уште еден збунет слон“, „Панкот не е мртов“, „ До Балчак“ и „ Судбина“.
Публиката на Албанскиот театар се сеќава на Хајрулаху од претставите: Војчеку, Калигула, Бректите, генералот на мртвата војска, Кучедра, Живот под кирија, Магбет, Арсеник и старите врвки и на крај Брегот на тагата.
-Биди на светлината, колега и пријателе!, велат од Албанскиот театар од Скопје.