На 27-годишна возраст почина фудбалерот Еркам Џубур од Бихаќ. Како што пренесува „Српска инфо“, причина за смртта најверојатно е срцев удар, иако официјално соопштение се уште не е објавено.

„Тага до небо. Утрово нè погоди многу тажнa вест. Поранешниот играч на НК Омладинац 75, ГНК Братство, НК Слога и МНК БИХАЌ 1260 Еркам Џубур, роден на 17 декември 1995 година во Бихаќ, се пресели во Ахирет. Испратете го нашето искрено сочувство до семејството и пријателите, милиот Алах нека му го подари најубавото место во џенетот и на неговото семејство сабур“, се наведува на социјалните мрежи.