На плажата Лагониси на Халкидики се случи трагедија во која татко го загуби животот обидувајќи се да го спаси своето 8-годишно дете, кое било однесено со душекот додека си играло во морето. Како што соопштија од крајбрежната стража, 48-годишниот маж бил извлечен во бессознание, јавуваат грчките медиуми.
Таткото, според информациите, се обидувал да го спаси својот 8 годишен син кого силен ветер го однело додека си играл на својот душек. 8-годишникот бил спасен со чамец, но 48-годишникот не успеал да се спаси.
Истиот бил извлечен во бессознание и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата Асклепион во Вула. Во поморското подрачје дува северно-североисточен ветер од 6 до 7 бофори.