Голема трагедија го потресе семејството на легендарниот германски фудбалер Михаел Балак, неговиот 18 годишен син, Емилио загинал во сообраќајна несреќа во Португалија.

Како што пренесуваат медиумите, немилиот настан се случил рано утрово, нешто по 2 часот во Троја, јужно од Лисабон. Полуостровот е познато туристичко место во Португалија и Михаел Балак пред неколку години таму купил имот.

Емилио возел четирицикл, загубил контрола поради нерамниот терен, моторот се превртел и паднал врз него.

Набрзо пристигнале пожарникари кои го извадиле момчето, докторите се обиделе да го оживеат, но се било залудно, синот на Михаел Балак починал.

Семејството Балак се уште се нема огласено, но неговиот поранешен клуб Челси изрази сочувство на социјалните мрежи.

Пожарникарите кои на почетокот беа на местото на настанот не можеа да потврдат дека се работи за синот на легендарниот фудбалер.

Несреќата се случила кога квадот поминал преку него и му нанел сериозни повреди.

„Знам дека ова е телото на синот на познат фудбалер, но не знам кој е. Се се случи во семејниот дом. Тој не возел квад на отворен пат и тоа било единственото возило во несреќата. Квадот бил на нерамни делови на земјата, и се чини дека тргнал наназад кога поминал врз жртвата и ја здробил“, рече еден полицаец на лице место.

Тие се обиделе да го оживеат несреќниот млад човек на лице место, но тој не можел да биде спасен.