Првакот на Ансамблот за народни песни и игри на Србија „Коло“, Горан Митровиќ, почина на 51-годишна возраст додека играл на свадба кај своја пријателка од ансамблот, јавуваат српските медиуми.

Митровиќ, кој 30 години беше член на ова културно-уметничко друштво, беше и еден од предавачите кои ги подучуваше помладите генерации на оваа традиција, а во 2006-та година стана шампион на ансамблот и така остана до самиот крај, бидејќи целиот свој живот го посветил на народните ора.

Шок и неверување во ансамблот „Коло“. Иако помина една недела од погребот на овој уметник, ансамблот не се помири со загубата.

– Горан беше лидер, беше колега, беше пријател. Без него, „Коло“ никогаш повеќе нема да биде истиот ансамбл. Но споменот за него е она што ќе не’ носи понатаму, кое ќе ни даде сила во негова чест да продолжиме со песната и играта. Слава му, напишаа од „Коло“ на социјалните мрежи.

Како што рекол пријателот на Горан од ансамблот, кој бил на свадбата, ништо не навестувало трагедија.

– Сите заедно се радувавме. Горан како и секогаш беше во елемент, пееше и играше. Кога се поведе колопто, тој одеднаш падна во текот на играњето, изгледа дека смртта настапила веднаш. Срцето му заста, се обидовме со реанимација, но се беше неуспешно, наведува соговорничката.

Според неа, се споменувало дека Горан веќе имал одредени проблеми со срцето, но дека не ги сфаќал сериозно.

– Премногу го сакаше орото, нашата музика и нашата традиција, беше неверојатно посветен на својата професија, за која како да беше роден. Имаше планови, постојано размислуваше кој е следниот чекор, едноставно, го живееше орото и не ме чуди што судбината сакаше така и да заврши, играјќи на оро, вели таа.

Митровиќ имаше голем број успешни настапи. Во својот ансабл и на други сцени постави голем број независни кореографски композиции. Соработувал со Балетското училиште „Лујо Давичо“ во Белград, како педагог на народни игри, со ансамблите АКУД „Лола“ и АКУД „Бранко Крсмановиќ“, како и со Народниот театар во Белград.