Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ е многу активна на својот Инстаграм профил и редовно ги почестува своите следбеници со провокативни фотографии.
Имено, Уна овој пат се одлучи за огнено црвен фустан, а она што веднаш го привлече вниманието на сите е горниот дел од фустанот кој беше во форма на корсет. Нејзиното бујно деколте дојде до израз.
Ретко кој останал рамнодушен на ова издание на Уна, пишуваат српските медиуми.
„Совршенство без маани“, „Ти си прекрасна“, „Кукла моја“, „Добро ти стои тој црвен фустан“, се само дел од коментарите кои следеа по објавата.
Да потсетиме, Чола во една прилика призна дека не му пречи што неговата ќерка накратко му ја „украла“ славата и открива дека дури има свои обожаватели, но дека и двете наследнички ги обожаваат неговите песни.
– Уна сега е попопуларна од мене. Таа има свои обожаватели… Шала на страна, се е добро, нека биде така. Но, мојата друга ќерка Лара всушност ме воодушеви бидејќи ги знае моите песни – изјави Чола.
📸
📸
📸
📸