Грција од почетокот на јуни влегува во фаза на постепен и забележителен пораст на температурата, се вели во табелата што ја објави метеорологот Сакис Арнаутоглу на Фејсбук.

Според него, по 30 мај значително се намалува нестабилноста на времето и температурата се зголемува.

Во табелата што ја објавува, најтопол ден се чини дека е понеделник каде термометрите ќе покажат до 36 степени Целзиусови додека, како што забележува Сакис Арнаутоглу, „ако сте во западна и јужна континентална Грција, како и во Атика и Крит подалеку од морето, додадете 2 до 3 степени повисока температура“.

Погледнете ја табелата што ја објави Сакис Арнаутоглу: