Манекенката, инфлуенсерка и ѕвезда на мрежата за возрасни OnlyFans, Кине-Чан (21) се пожалила дека ѝ е забрането да се качи на лет бидејќи носи „косплеј“ костим. „Косплеерите“ носат костими и модни додатоци за да отелотворат лик од филмови, стрипови или игри.
Кине-Чан се појави на аеродромот Навегантес во Бразил облечена како Ребека, лик во анимето на Нетфликс „Cyberpunk Edgerunners“, која е омилена на обожавателите поради нејзината уникатна, откривачка облека.
Кине-Чан носеше црни бикини, тиркизна перика и црни сандали и тврди дека и било кажано дека не е соодветно облечена и дека не може да се качи на летот.
„Викендов се случи многу стресна ситуација. Се обидував да се качам во авион на аеродромот Навегантес облечена како Ребека за некој настан. Веќе знаев дека може да доцни, па се облеков порано за да не доцнам. Но, ми рекоа да одам дома и да се пресоблечам затоа што сум несоодветно облечена. Објаснив дека одам на настан. Како и да е, Ребека доби забрана“, ја сподели приказната со нејзините 620.000 следбеници на Инстаграм.