МСМ известува дека доцна вечерва во прекин е сообраќајот на патниот правец Охрид – Св. Наум поради сообраќајка.

Од АМСМ не соопштија детали за сообраќајната незгода, ниту каде е случена.

„Патниот правец Охрид – Св. Наум е во прекин поради случена сообраќајна незгода.“, известуваат од АМСМ.

Во прекин беше и сообраќајот на патот Делчево – М. Каменица поради сообраќајка, но по расчистување, сообраќајот на овој патен правец е нормализиран.