Половина час беше блокиран сообраќајот на булеварот кон Трговскиот центар Рамстор откако попладнево матуранти со зурли и тапани ставија крај на учебната година, објави порталот 4news.mk.

Во моментов не е јасно дали славјето било најавено, но полицијата пристигна на местото доцна, па откако не можеше да се пробие по булеварот „Јужен булевар“ таа сврте круг и пристигна од другата страна.

Но сирениtе на полицијата не беа доволно силни, за да ги сопрат зурлите и тапаните од матурантите.

Нервозните возачи свиреа, револолтирано поради тоа што заглавија на пат кон дома.

На забавата на булевар имаше и огномет. Ова не е прва вечер матурантите да слават, но денеска за прв пат беше целосно блокиран сообраќајот.