Актерот Даниел Редклиф, најпознат по улогата на Хари Потер, стана татко за првпат.

Публицистот на англискиот актер потврди дека Редклиф и неговата долгогодишна девојка Ерин Дарк станале родители откако Дејли Мејл објави фотографии како туркаат количка во Њујорк.

Засега не се откриени полот на бебето и точниот датум на раѓање, јавува Би-Би-Си.

Медиумите во март објавија дека Редклиф и Дарк, кои се заедно повеќе од десет години, очекуваат дете.