Пријанка Чопра на промоцијата на својата шпионска серија дошла облечена во огненоцрвен, гламурозен фустан со потпис на Вивиен Вествуд.

Огненоцрвен, свилен фустан што го открива и нагласува деколтето, а притоа го стеснува струкот – совршена комбинација што одлично ѝ стоела на некогашната боливудска ѕвезда Пријанка Чопра.

Додека со сопругот Ник Џонас се шетала на црвениот килим, актерката изгледала како чист пример за женственост и заводливост. Сатенот нежно се припивал за нејзините облини, нагласувајќи ги токму онолку колку што е потребно и пожелно.

Прекрасниот фустан на Вивиен Вествуд бил направен по нарачка специјално за Пријанка, а основата ја сочинува корсет што го стеснува струкот и го нагласува деколтето.