Во пресрет на триесетгодишнината од опсадата на Сараево, во Босна и Херцеговина е и Кармел Агиус, претседател на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (МИКТ) и прв избран судија на Хашкиот трибунал за поранешна Југославија.

Во интервјуто за N1, Агиус зборуваше за својо пат до позицијата судија на МИКТ, но и за неговото долгогодишно искуство во случаите на воени злосторства на Балканот.

Агиус го коментираше и инцидентот во случајот со Слободан Праљак. Да потсетиме, воениот злосторник Слободан Праљак испи отров во судницата во Хаг откако беше осуден на 20 години затвор заедно со уште петмина поранешни лидери на таканаречената Херцег-Босна.

Агиус: Праљак испи отров, затоа цел свет дозна дека бил осуден воен злосторник

– Да не извршеше самоубиство така јавно, малкумина надвор од Хрватска и Босна и Херцеговина би знаеле дека тој е осуден воен злосторник. Вака знае целиот свет, рече Агиус.

Судот утврди дека Праљак бил дел од здружен злосторнички потфат на чело со Фрањо Туѓман. Првостепената пресуда ги осуди хрватските водачи во БиХ на вкупно 111 години затвор за злосторства извршени меѓу 1992 и 1994 година во Херцеговина и централна Босна.

Во текот на читањето на пресудата, Праљак стана и рече дека не е воен злосторник, по што испи отров за кој се уште не се знае како го донел во судницата.