Легендарниот украински рагбист Олексеј Цибко бил убиен во напад на руските сили врз градот Смила.

Цибко бил капитен на украинскиот рагби тим и исто така бил претседател на Украинската рагби федерација од 2003 до 2005 година.

Покрај тоа, од 2015 до 2018 година бил градоначалник на Смила.

Поранешниот капитен на украинската репрезентација почина 12 дена откако наполни 55 години, јавуваат светските медиуми.

Неодамна се слушна и трагична вест дека во војната животот го загуби и светскиот шампион во кик бокс, Максим Кагал. Пред тоа беше убиен тренерот на младинската школа на Шахтјор од Доњецк, а меѓу другите познати спортски личности кои се приклучија во одбраната на земјата, се и познатите браќа боксери Виталиј и Владимир Кличко, познатиот тенисер Сергеј Стаховски, како и тренерот на Шериф Јуриј Вернидуб.