Припадниците на Специјалното полициско одделение и на Антитерористичката единица на Црна Гора трагаат по Ненад Нено Калуѓеровиќ од Цетиње, соопштија властите за „Вијести“.

Денеска полициска акција се спроведува во повеќе црногорски градови. Според „Вијести“, припадниците на Специјалното полициско одделение утрово во 4 часот излегле во акција, а два часа подоцна почнале апсењата во Будва, Цетиње и Подгорица.

Специјалниот обвинител и портпарол на Специјалното државно обвинителство Вукас Радоњиќ изјави дека по наредба на СДТ утрово се вршат активности во две одвоени акции. Во една од тие акции е уапсен и претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ. Калуѓеровиќ со години полнеше делови во весниците резервирани за црната хроника.

Да потсетиме, Калуѓеровиќ во јавноста е познат како „херојот од Цетиње“, откако минатата година со смртоносен истрел голиквидираше цетинскиот масовен убиец Вук Бориловиќ.

Злосторството што го потресе Цетиње, Црна Гора и целиот регион, да потсетиме, се случи на 12 август, кога Вук Бориловиќ направи крваво дивеење во кое прво ги убил своите станари Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35) и нејзините два сина, а потоа и нивниот кум Милан Митровиќ (37), потоа нивниот вујко Горан Ѓуришиќ (54), нивните соседи Рајко (56), Димитрије (81) и Даница Дрецун (74), а на крајот Данијела (51) и нејзината сестра Александра Радуновиќ (52).

Бориловиќ кобниот ден не сакал да се предаде, па полицијата го застрелала, како и неговиот сосед Ненад Нено Калуѓеровиќ, но чиј куршум го усмртил се уште не е утврдено.

За Калуѓеровиќ се пишуваше и минатиот месец кога толпата во Цетиње го нападна кандидатот на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ. Се зборува дека токму Калуѓеровиќ ја водел разбеснетата толпа.

НЕНО КАЛУЃЕРОВИЌ ДЕЛ ОД ГРУПАТА КОЈА УБИВАЛА ЗА ВЕЉА НЕВОЉА?

Ненад Калуѓеровиќ е осомничен дека бил дел од криминална група која учествувала во двојното убиство во Спуж во октомври 2020 година, а по него трагаат припадници на Специјалното полициско одделение. Во Стањевица Рупа убиени се Дамир Хоџиќ, член на кланот „шкаљар“ и неговиот зет Адис Спахиќ, кој немал криминално досие.

Бурна биографија

Со одлука на Апелациониот суд во 2013 година тој беше правно ослободен од обвинението за убиство на Жељко Јовановиќ пред кафе-барот „Амбасадор“ на 13 август 2006 година во Цетиње.

Во октомври 2021 година тој беше уапсен под обвинение дека извршил кривично дело тероризам во Цетинскиот манастир во деновите кога во Цетиње се организираа протести против устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникие. Тој исто така беше ослободен од тие обвиненија.

Тој беше испрашуван на крајот на летото во 2022 година, по ликвидацијата на Вук Бориловиќ, кој уби 10 сограѓани, меѓу кои и две деца, во крвавиот пир. Обвинителството истражуваше дали Бориловиќ бил усмртен од истрел од пиштолот на Калуѓеровиќ, а на крајот било утврдено дека Бориловиќ бил убиен од истрели од полициски пиштол.