Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа…, го наполнивме албумот, не оној семејниот 😳, туку оној од ЕУРО 2020 😁, со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост.

Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно…, и секако навивањето за нашата Македонија!

Панини Албум
Северна е покриена, фудбалерите се сите на број