Македонскиот државјанин Александар Черговски излегол од својот дом во Германија со намера да дојде во Македонија, но му се изгубила трагата.

Неговата мајка на социјалните мрежи замолува за помош и вели дека последна информација поврзана со Александар е дека ја преминуа македонската граница, по што му се губи трага, односно не пристигнува во својот дом.

-Драги браќа и сестри, пријатели ќе замолам за помош бидејќи нашит син Александар Черговски со прекар МАЛИ Радио МК од 18.02 излегол од својот дом во Германија со намера да дојде во својата родна земја. Последна информација е дека ја преминува МКД граница и не пристигнува во својот дом во Берово, напиша неговата мајка на социјалните мрежи.

Таа ги замолува сите пријатели кои имаат било каква информација за него да ги исконтактираат со цел за негово пронаоѓање.