За едни старлета, за други трендсетерка, за трети, а и веројатно за себе, се попопуларна инфлуенсерка… Агнеса Орданоска со својата појава секогаш остава зад себе „влажни“ машки погледи кои ја пијат со очи ширум ококорени и усти подотворени, а некои и со до земја „падната вилица“ од сексапилот и еротскиот набој што го созадава и зад себе го остава русокосата убавица.

Вака е секаде каде што Агнесса ќе се појави, на разни приеми, журки, забави… Но, можете ли да си замислите како им е на оние кои оваа наша секси дама ќе ја видат разголена на плажа?

А токму во вакво бикини издание, Агнеса деновиве ги зовре ионака топлите води на Егејското море, откако како и многумина, го минува својот летен одмор во соседна Грција.

Штом таа се појави на плажата, како во случајов во розово секси бикини од кое кипат сите нејзини облини, настанува метеж на плажата… Мажите кон неа ги вртат лежалките или барем својот дискретен поглед, а многумина да можат, би ја следели и со двоглед.

Зашто фаталната русокоса онака испружена на својата лежалка за дел од мигот им го одзема здивот. Кај некои реакцијата е толку очигледна и долу и горе, така што под итно мораат на ладење во море!

А кога сме веќе кај морето, штом жешката русокоса убаво доволно ќе с е исонча, загрее и вжешти и себе си’ и околината на која и создала доволно еротски немир, време е за дружење со брановите и морската шир

Агнеса во розови мини бикини и мрежеста наметка во плиткото крај брегот, како риба во мрежа на Егејот. Расната убавица се соблече и влезе во вода, па онака влажна на себе ги привлече погледите на целата коноба.

И мажи и жени гледаа во нејзините облини… И однапред и одзади, додека расната инфлуенсерка влегуваше да се освежи и олади во проѕирно бистрите егејски води!