Во Црна Гора во првите четири месеци од годинава 96 лица го промениле своето име, додека во 2021 година тоа право го искористиле 461 граѓанин, велат податоците од црногорското МВР, пренесува РТЦГ. Кога станува збор за имињата, најпопуларното машко име во Црна Гора минатата година било Лука, додека Софија било најзастапеното име кај девојчињата.
Од МВР објаснуваат дека за промена на личното име потребно е да се плати такса во износ од 20 евра, по што со решение одлучува МВР.
Согласно законот, личното име или само презимето или само името на полнолетно лице може да се менува на лично барање, додека кај малолетните лица барањето го поднесува неговиот законски застапник.
– Во периодот од 01.01.2021 до 1.01.2022 година извршени се вкупно 461 промена на личното име. Од наведената бројка, 386 полнолетни лица го промениле личното име, додека 75 малолетници го промениле личното име, велат податоците.
Посочуваат и дека од почетокот на годинава до 27 април извршени се вкупно 96 промени на личното име: „Од наведената бројка, 76 полнолетни лица го промениле личното име, додека 20 малолетни лица го промениле личното име.
Која е процедурата?
Објаснуваат и дека промена на личното име или само презиме или само име нема да му се дозволи на лице осудено за кривично дело кое се гони по службена должност, до извршување на казната или додека траат правните последици од осудата, согласно со горенаведениот закон.
– Министерството е должно да прибави податоци од казнената евиденција и податоци за судски постапки по службена должност во постапката на одлучување по барањето за промена на личното име, во случај лицето против кое се води судска постапка за кривично дело што се гони по службена должност да поднело барање за промена на личното име, изјавија од црногорското МВР.
Тие забележуваат дека правото на слободно избирање име не смее да биде ограничено, освен ако тоа не е неопходно за заштита на јавната безбедност или правата и слободите на другите, и дека апликантот е слободен да избере лично име.
Најчести имиња
Кога станува збор за најчестите имиња во Црна Гора, податоците на МВР покажуваат дека споредено со претходните години, нема отстапувања од изборот на имињата на децата родени во Црна Гора во текот на 2021 година.
Така, во текот на претходните години родителите најчесто ги избираа личните имиња Лука и Софија за своите новородени деца.
📸