Напаѓачот кој синоќа во Загреб уби едно иполгодишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка, на крајот си го одзеде животот.
Како што неофицијално дознава Јутарњи, Горан Кнежевиќ (43), откако со секира ги нападнал поранешната партнерка и нејзиното бебе, побегнал, а потоа се фрлил под камион.
Возејќи по загрепската обиколница, тој му се јавил на братот на поранешната сопруга и му кажал какво злосторство направил, на што овој наводно му одговорил: „Или убиј се или јас ќе те убијам“.
Во полицијата прва се јавила жена (42) која пријавила злоупотреба од поранешниот партнер, кој бил во алкохолизирана состојба. После тоа следеле уште неколку повици. Полицијата на местото на настанот пронашла повредена жена и дете и им укажала прва помош.
Околу пладне загрепската полиција објави соопштение за страшното злосторство. Оттаму наведуваат дека во средата во 20 часот и 26 минути добиле повеќе повици за семејно насилство на подрачјето на Пешченица.
„Првиот повик го направила жена – жртвата на 42-годишна возраст, која пријавила малтретирање од страна на нејзиниот поранешен сопруг, кој најверојатно бил во алкохолизирана состојба, на возраст од 43 години. После тоа имало уште два повици, од кои вториот за повреди на лица со секира“, се вели во соопштението.
По првиот повик, полицијата излегла на терен и констатирала дека 43-годишен маж со секира ги удира мајката и детето во главата. Тие биле во тешка состојба, а полициските службеници веднаш почнале со итна помош на местото на настанот. После тоа Брзата помош ги пренела во болници.
Од полицијата велат дека Кнежевиќ се оддалечил и побегнал со автомобил.
„Подоцна добиена е информација за смрт на маж во сообраќајна незгода А3. На местото на смртта на мажот е спроведена истрага од страна на дежурниот заменик на ЖДО во Загреб и истражниот тим на загрепската полиција, при што е утврдено дека се работи за самоубиство. Во раните утрински часови, на 05.01.2023 година, добиена е информација дека детето починало од здобиените повреди“, информираат од Полициската управа во Загреб.