Денес во Битола на 68 годишна возраст, ненадејно, почина Благој Мицковски – Гркот, поранешен фудбалер на Пелистер, за кој слободно може да се рече дека е една од легендите на битолскиот фудбал, објави локалниот портал bitolanews.

Благој Мицковски – Гркот остави неизбришливи траги во битолскиот фудбал, потекнува од младинската школа на Пелистер и како ретко кој фудбалер од Битола целата своја кариера ја помина во матичниот клуб.

Настапил во дресот на Пелистер со неколку генерации, а и со најупешната генерација со Спасе Ристевски, Упале, Џоџа, Грбето, Тарзано…

Мицевски професионално беше вработен во “Југотутун“ во Битола, каде го помина целиот работен век.

Благој Мицковски – Гркот ќе биде запаметен покрај тоа како фудбалер на Пелистер кој одиграл стотици натпревари и како скромен, семеен и тивок човек, како ќе го паметат неговите соиграчи, пријатели, комшии.

Опелото и погребот на Мицковски ќе биде утре во 12 часот во Светонеделските гробишта во Битола.