Вработените од Комунална хигиена кои два дена протестираа вечерва се обидоа се лежење на земја да го спречат излегувањето на камионите од кругот на јавното претпријатие на улиците во Скопје преполни со смет.
Тие се обиделе да ја спречат полицијата да помага во изнесувањето на камионите за смет при што е спречен поголем инцидент.
Според синдикатот во кошкањето со полицијата тројца вработени биле повредени, а еден бил изнесен со возило на Итната помош, јавува СДК.
Макфакс јавува дека четири лица се приведени од кругот на „Комунална хигиена“, а според вработените дел од нив биле ангажирани со авторски договори повеќе од десет години, но Мазнева им ги раскинала. Откако таа овие лица им ги посочила на полицајците, тие биле приведени.
Претходно дојде до тензии во кругот на јавното претпријатие кога пристигна директорката Косана Мазнева Николиќ и ги повика вработените да се вратат во камионите на работа, а тие скандираа „оставка“.
Од друга страна на терен низ скопските општини веќе излегоа комунални возила од другите градови, солидаризирајќи се со повикот на скопските градоначалници да помогнат за подигање на сметот натрупан на улиците од главниот град.