Сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,пасат” со велешки регистарски ознаки и полициско возило ,,јети” се случила денеска околу 12:10 часот во Росоман, има повредени, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму рекоа дека засега не можат да дадат детали околу сообраќајката и дека ќе се врши увид на лице место.