Новогодишната еуфорија, ајо така воопшто може да се нарече заради ковид пандемијата, започна… Предновогодишната ат,мосфера е далеку од она што била некогаш, но сепак и покрај „опасностите и траумите на современото живеење“ луѓето се обидуваат барем на миг да ја почувствуваат магијата на убавите времиња, на Нова Година и Дедо Мраз, обидувајќи се колку-толку да си доловат дел од бајката. Сите, а меѓу нив секако и познатите личности.

Александра Накова на почетокот на годинава и покрај Ковид пандемијата стана газдарица. Некогашната македонска манекенка и модел отвори сопствен бутик, сопствена „куќа на модата“ во родната Гевгелија.

Сега кога годината полека привршува, а празници се ближат, редно е „куќата на модата3 да се украси, а Накова знае како тоа да го направи. Големата накитена елка го краси излогот на бутикот, наредена со многубројни сијалички и лампиони. Онака како што доликува за да се почувствува новогодишната атмосфера.

Откако го закачи и последниот лампион сексапилната газдарица не пропушти да се слика крај елката. И тоа од различни позиции, во различни комбинации и пози!

Најпрвин поза одзади, променета во боите на елката во маслинесто-зелен комбенизон додека го реди последниот лампион. Потоа уште едно селфи однапред, за да провери дали е се во ред… И со неа и со китењето.

Но, она вистинското допрва следува. Во нов аутфит, со нова тура селфи покрај елката атрактивната газдарица уште еднаш покажа колку е секси убавица. Во мини фустанче и бела свилена блуза со деколте до папок, Накова покрај елката е најубавиот новогодишен подарок. До душа, за кого како… Или кому му е судено Дедо Мраз да му ја донесе во прегратки за Нова Година. За останатите, само празник за очи.

А, кога сме веќе кај празниците, елките, желбите и подароците, Александра Накова и самата си посака новогодишна желба за празниците. И тоа онака, баш скромна:

„Не барам многу за Божиќ… Само едно нешто ми треба… И јас“ – напишала згодната газдарица покрај селфи сторито од својата продавница. Една единствена желба, од скромна- поскромна од сите желби, која се вика – „ТИ“!

А вие… Ако не сте ТОЈ, вам тогаш ви останува само визуелно да уживате во новогодишната магија на Накова и нејзината накитена елка, во нејзините украси, сијалички и лампиони што светкаат во бутикот на газдарицата… Или само во телесниот раскош и бујните силикони на убавицата!

📷

📷

📷

📷