Познатата инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ, која се предозирала со бензедини и екстази, ќе биде погребана на гробиштата Лешче во Белград во вторник на 14 декември во 13 часот.

Иако сите српски медиуми велат дека младата инфлуенсерка извршила самоубиство, постојат докази кои го негираат тоа. Имено, за Кристина ќе се одржи опело, односно црковен обред за покој на душата на починатата, пред да биде погребана, а познато е дека луѓето кои се самоубиваат немаат погреб според црковните и верските обичаи, што не е случај со девојката.

Да потсетиме, Кристина Кика Ѓукиќ пред три дена трагично го заврши својот живот во изнајмен стан во центарот на Белград. Кристина се бореше со насилството на социјалните мрежи, а трагичната вест шокираше многумина.