Поранешната Мис на Балканот, 27-годишната Ѓулер Ердоган го загуби животот откако паднала од надвозник на коловозот бегајќи од полициски контролен пункт, каде било утврдено дека била во алкохолизирана состојба, пишува турски Хуриет.

Според „Хуриет“, несреќата се случила ноќта на 1 април. При проверката било констатирано дека била под дејство на алкохол, по што излегла од автомобилот и почнала да бега.

Паднала од надвозникот

Обидувајќи се да избега, таа се качила на надвозникот, но паднала на патот и се здобила со тешки повреди. Потоа ја прегазил друг автомобил.

Loading...

Медицински екипи пристигнале на местото на настанот по пријава од случаен минувач. Од прегледот било утврдено дека таа починала. Според Хуриет, познато е дека Ердоган имала психички проблеми и дека претходно се обидела да се самоубие. За овој случај е отворена истрага.

Loading...