Заменик генералниот секретар на српското Народно собрание Бранко Маринковиќ (41) денеска е пронајден мртов во својот стан во Вождовац, јавуваат српските медиуми.
Околу 16 часот во станот го пронашла сопругата. Иако бил направен обид за реанимација, Маринковиќ не бил спасен.
Бранко Маринковиќ по образование беше правник, а заменик генерален секретар на народоното собрание беше од 24 октомври 2020 година.