Поранешниот американски кошаркар и поранешен член на Цибона, Кори Вилијамс (46) ја загуби борбата за живот против опасната болест и почина на 46-годишна возраст.

Вилијамс ја заврши кариерата пред осум години. Неговото кошаркарско патување го однесе низ целиот свет, остави голема трага во Австралија, а гледачите од регионот го паметат по епизодата во загрепска Цибона.

За жал, тој веќе подолго време се бореше со опасната болест откако му беше дијагностициран рак на дебелото црево, а синоќа стигна тажната вест дека починал.

Вилијамс пред два месеци објави фотографија од лекувањето во хипербаричната комора, храбро се бореше, но болеста беше посилна.

Поранешниот кошаркар не остави длабока трага во дресот на Цибона и брзо го напушти клубот истата 2008 година. Исто така Вилијамс влезе на НБА драфтот во 1999 година, но не беше избран и тогаш започна неговото талкање низ светот. Во кариерата смени дури 25 клубови, повремено играше за тимови во Развојната лига, но и на егзотични дестинации низ светот.