Веста на денот во светот на тенисот не е дека Новак Ѓоковиќ победи во второто коло на Мастерсот во Рим, туку настанот што следеше по тој триумф.

Шише полно со вода испадна од ранецот на навивач и го удри Новак во главата, при што тој беше раскрвавен.

Ѓоковиќ даваше автограми на излегување од теренот Форо Италико, кога од трибините излета шише и го удри српскиот тенисер во средината на главата.

Еве видео на кое се гледа како шишето му испаднало од ранецот на момчето.