Општинскиот инспектор Ацо Тацесвки, познат уште како Ацо Комета, е прободен со нож во непосредна близина на зградата на Општина Бутел.
„360 Степени“ дознава дека бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а бил нападнат од неговиот брат. Од Општина Бутел пак рекле дека станува збор за меѓучовечки недоразбирања и дека инцидентот нема врска со работењето на самоуправата.
„Во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на лице место и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинаска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје“, потврдиле и од МВР., кои ги пренесуваат само иницијалите.