Почина бизнисменот Адем Кочан, објави семејството на Фејсбук.

-Со длабока тага во срцата ве известуваме дека денес по подолго боледување почина нашиот сопруг, брат, син, татко и дедо Адем Кочан. Полн со живот и енергија која ги допираше сите кои го знаеа, Адем последната битка ја биеше тивко.Така и замина, опкружен со љубовта од најблиските. Нашата тага денес е единствено надмината од гордоста на него и животот кој го остави во секој од нас. На неговото последно патување ќе го испратиме утре на 10ти Ноември во 13.30 во Џамијата во Бутел 1, а погребот ќе се одржи на градските гробишта во Бутел во 14.30, информира семејството.

Роден е во 1955 година, во Рожаје, Црна Гора. Тој е познат бизнисмен на балканските простори. Се занимавал со оранжериско производство. Добитник е на голем број награди и признанија. Неговите колеги за него велат дека бил голем човек и голем хуманист.