Ситуацијата денеска излезе од контрола во еден белградски трговски центар. На драматично видео објавено на страницата на Инстаграм „Мој Белград“ се гледаат две девојки кои се расправаат со обезбедувањето.

Тие се обиделе да ги отстранат од ресторанот, но не употребиле сила. Со оглед на тоа дека девојките не сакале да си заминат, на местото на настанот пристигнала полиција.

Зборувале странски јазик

Се претпоставува дека девојките зборувале руски или украински, но засега нема потврда од која земја се. Во објавата се наведува дека гаѓале луѓе и полиле вода врз деца.

„Има две девојки во Галеријата, мислам дека се Украинки, полија вода врз некои деца и гаќаа во луѓето. Потоа дојде обезбедувањето и ги нападнаа и нив, сакаше да и го земе телефонот бидејќи снимаше се. И после дека без причина им се дереа на чистачките. Стигнала полиција и тие се приведени“, се вели во објавата.

View this post on Instagram

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Биле испровоцирани?

Во коментарите се расправаше дали девојките биле испровоцирани. Некои тврдат дека биле на лице место и дека „некои млади момчиња“ им дофрлале, па реагирале. Од друга страна, во одговорите неколкумина ги демантираат тврдејќи дека никој не ги предизвикал, а со вода полиле дете „бидејќи си играло со ѕвончиња“.

Кога пристигнала полицијата, тие го напуштиле локалот.