Рускиот канал Романов објави дека А-50, руски авион за рано предупредување и контрола, е соборен во Украина. На социјалните мрежи се шири снимка на која се гледа огромен пожар.

Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олекшчук објави дека украинските сили се одговорни за соборувањето на авионот.

– На окупаторите им го честитам Денот на бранителот на татковината – рече тој.

Доколку првичните информации се покажат како точни, ова веројатно не би било прво соборување на споменатиот авион. Во текот на јануари се појави веста дека Украинците собориле А-50.

Авионот го следи воздушниот простор, копното и морето

Телеграмскиот канал „Фајтер“, кој е поврзан со руските воздухопловни сили, тогаш потврди дека А-50 навистина бил соборен. Меѓутоа, Фајтер тогаш соопштил дека Русите случајно го собориле нивниот авион.

А-50 припаѓа на летечките радари наменети за надзор на воздушниот простор, копнената и морската површина. Развиен е кон крајот на 70-тите години на минатиот век.

Белоруски Хајун претходно објави дека Русите имаат девет такви авиони. Секој авион чини 330 милиони долари.