Исчезнат е Николче Николовски од Битола, го нема од петокот попладне, алармираат пријатели и другари на Николовски на социјалните мрежи.

Луѓе наши, ве молиме сите за помош, нашето другарче Николче Николовски, го нема од вчера попладне. Излезе од дома околу 15:00 часот на 13ти Мај – ПЕТОКОТ, последно е виден кај бензиската пумпа Мак Петрол – кај Транскоп, движејќи се со син Форд Фиеста со регистрација BТ 852 DK и сеуште е со истата… Ве молиме ако некој видел или види нешто, што и да е, исконтактирајте, раширете, јавете се во било кое време 070360520. Фиестата е како оваа на сликата, се вели во повикот кој се споделува на „Фејсбук“.