Доларот значително зајакна во однос на другите валути од почетокот на годината. Според средниот курс на НБРМ од петокот, едно евро чини 61.6 денари, додека еден долар 59.4 денари.

Американската валута зајакна за 1,3 отсто во однос на европската валута, и цената на еврото се намали на 1,0410 долари. Во еден момент, тој се намали на 1,0348 долари, најниско ниво од почетокот на 2017 година.

Но, курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали за 1 отсто, на 129,20 јени. Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела, шести пат по ред.

Растот се случува затоа што Федералните резерви на САД најавија дополнително агресивно заострување на монетарната политика за да се спречи високата инфлација. Индексот на доларот е ново највисоко ниво од 2002 година.

И руската валута рубљата која во март падна сега е на нивото кое го имаше пред Русија да ја почне војната во Украина.