13 годишното исчезнато девојче од Кочани e пронајдено, објави утрово Телевизија Стар повикувајќи се на информации од СВР Штип.

– На (02.12.2023) во 21.30 часот во Полициската станица Кочани З.Н.(32) од Кочани пријавила дека нејзината малолетна ќерка Б.Н.(13) која на 01.12.2023 беше пријавена дека се оддалечила од домот е пронајдена во Кочани од нејзиниот татко, известуваат од СВР Штип, пренесува локалната телевизија.