Јавното обвинителство соопшти дека во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази.

-За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани, наведува ЈО во соопштението.

Инаку, во текот на вчерашниот ден полицијата приведе пет лица, а заплени и возило кое се вештачи.

„Се работи интензивно, јавноста ќе биде информирана за се“ ова е ставот на МВР по вчерашното приведување на петте лица кои се поврзуваат со исчезнувањето на тинејџерката Вања Ѓорчевска.

Во телефонски разговор, од МВР посочуваат дека заради истрагата која се води не можат да споделат други информации освен тоа дека се работи на случајот.

„СВР Скопје интензивно работи на расчистување на случајот. По расчистувањето, соодветно ќе ја информираме јавноста.“ – велат од МВР